30 дневен смути предизвик – Ден 7

Споделете со пријателите

30 дневен смути предизвик.

Приклучете ни се! Секој ден ве инспирираме со интересна рецепта за подготвување смути.


Ден 7

Калифорниско смути

Ова смути е вистинска енергетска и витаминска бомба за вашето тело. Праските имаат ниска енергетска вредност – 40 калории на 100 грама, содржат 87 % вода, 11 % јаглехидрати, а од витамините најмногу се застапени бета-каротен, кој во организмот се претвара во витамин А и витамин Ц. Од минералите, праската најмногу содржи калиум, фосфор, магнезиум и калциум, а за разлика од обичните праски, нектарини или голите праски содржат помалку витамин Ц, но повеќе бета-каротен и повеќе калории. Бананите се исто така ризница на витамини и минерали (прочитајте повеќе). Урмите се вистинска природна мултивитаминска бомба. Тие содржат железо и ќе ви помогнат ако имате проблеми со анемија, исто така претставуваат и одличен извор на растителни влакна и се препорачуваат доколку имате проблеми со варењето на храната, дијареа или потешкотии со празнењето на цревата. Бадемите се полни со омега-3 масни киселини, калциум и витамин Е. Тие ќе ја зголемат калоричноста на смутито, но тоа не би требало да ве исплаши бидејќи бадемите се полни со “здрави” калории кои ќе ви помогнат да се справите со нападите на глад кои ве тераат постајано да грицкате помеѓу оброците.

Што ви е потребно за подготовка на Калифорниско смути?

  • 1 праска
  • 1 банана
  • 2-3 урми
  • 5-6 бадеми
  • 200 ml јогурт (можете да го замените јогуртот со млеко)

Како да го подготвите?

Ако имате половина час на располагање урмите и бадемите прелијте ги со вода и оставете ги да омекнат, потоа водата во која стоеле фрлете ја. На крај сите состојки ставете ги во блендер и убаво измешајте. Ако не сакате да користите јогурт или млеко, слободно подгответе си здрава варијанта на кокосово, бадемово или оризво млеко кои не содржат лактоза.

За крај уживајте 🙂

by Елена Ѓорѓиевска

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *