Збогатете ги оброците со овој едноставен и брз за подготовка песто сос од босилек. Сосот е одличен да се комбинира со солени крекери (рецепт за солени крекери од семиња без брашно и без масло), тестенини, интегрално лепче и сл.

Потребни состојки:
- свежа китка босилек
- 50 g индиски ореви (киснати во вода минимум 2 часа)
- 2-3 супени лажици маслиново масло
- 2 супени лажици рендан пармезан
- 2-3 чешниња лук
- малку сол и бибер
Начин на подготовка:
Иниските ореви исцедете ги од водата, па заедно со сите други состојки ставете ги во блендер/сецко и мешајте 2-3 минути се додека не добиете гус и хомоген зелен сос.
На здравје!!!









