Home Рецепти Здрави десерти Енергетски безглутенски бисквитчиња со експандиран ориз

Енергетски безглутенски бисквитчиња со експандиран ориз

161
0

Овие вкусни, крцкави и неодоливи бисквитчиња се одлична здрава енергетска бомба и одлично се комбинираат со чај или кафе. Може да ги јадете пред вежбање за енергија, или пак како вкусна и здрава ужинка за кој било дел од денот!

Потребни состојки:

  • 100 g мелени лешници
  • 100 g мелени бадеми
  • 100 g експандиран (безглутенски) ориз – изблендиран во блендер како брашно
  • 3 лажици кокосов шеќер
  • 3 лажици мед
  • 3 лажици чиа семе
  • сок од 1 портокал
  • 3 лажици кокосово масло
  • 2 лажици како путер
  • по потреба многу малку вода.

Начин на подготовка:

Бадемите, лешниците и експандираниот ориз најпрво измелете ги во блендер. Експандираниот ориз кога ќе се изблендира ќе наликува на брашно. Соединете ги сите три намирници во еден подлабок сад, па во него додадете го чиа семето и кокосовиот шеќер.

Во огноотпорен сад на пареа стопете го кокосовото масло и какао путерот. На крај додадете ги маслата во смесата заедно со сокот од портокал и медот. Убаво измешајте, и доколку смесата е многу густа додадете многу малку вода. Густината би требало да наликува како на смеса за колачи, да може да се меси, а не да биде ретка.

Истурете ја содржината на хартија за печење и со сукало истенчете ја, ставете ја во рерна на 120°С да се суши околу 30-40 минути, потоа извадете ја и со калапи за колачи исечете форми. Вратете пак назад во рерната и сушете уште минимум 1 час, може и повеќе доколку сакате бисквитчињата да бидат покрцкави.

На крај остатоците од крајчињата внимателно тргнете ги, ќе ви останат само убави форми на крцкави и ароматични здрави бисквитчиња, кои можете да ги складирате во некој стаклен сад и да ги чувате неколку денови.

Добар апетит! 🙂


Повеќе идеи за здрави десерти, пронајдете тука.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here