Home Исхрана Здрава лимонова торта

Здрава лимонова торта

3
0

Ова е одличен десерт кој во овие топли денови совршено се комбинира со ладна чаша нес кафе.

Потребни состојки:

за кора:

  • ½ чаша овесни снегулки
  • ½ чаша интегрално пченично брашно
  • 1 јајце
  • рендана кора од лимон
  • 1 лажица мед или стевиа
  • ½ чаша соино млеко или јогурт

за фил:

  • 1 чаша соино или бадемово млеко или пак мешавина по половина
  • сок од 2 лимони
  • 2 кесички желатин
  • 1 лажичка стевиа
  • какао за посолување одозгора.

Начин на подготовка:

Сувите состојки потребни за подготовка на кората измешајте ги заедно во еден подлабок сад. Соиното млеко или јогуртот изматете го заедно со јајцете и медот или стевиата и додадете ја течната смеса на сувата. Убаво соединете и на крај изрендајте малку кора од лимон. Печете ја кората на 180°С околу 20-тина минути дури не зарумени.

За подготовка на белиот фил најпрвин загрејте го млекото. Претходно подгответе го желатинот така што ќе го растворите со 2 лажици ладна вода и ќе го оставите да стои околу 10-тина минути. Кога желатинот ќе ја впие водата, додадете го во загреаното млеко, но внимавајте да не врие и убаво мешајте дури не се растопи целосно. Тргнете од оган и додете го сокот од лимон и стевиата и убаво уште еднаш измешајте. Прелијте ја тортата со филот и одозгора наросете малку какао.

Оставете ја во фрижидер да се стегне минимум 2 часа, иако најдобро е да стои преку ноќ.

Добар апетит!

Овој прекрасе рецепт и слики ни ги испрати Елена Ѓорѓиевска.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here