Киноа со зеленчук и моцарела

Споделете со пријателите

Наш предлог за вкусен оброк денес е киноа со зеленчук и моцарела. Киноата е одлична намирница со извонредно богат нутритивен статус. Богата е со протеини и есенцијални амино киселини, содржи многу минерали, голем процент на антиоксиданси и секако многу диететски влакна. Повеќе факти за киноата и за тоа како да ја подготвите, прочитајте овде.

Потребни состојки:

  • ½ чаша варена или ‘ртена киноа
  • ½ тиквичка
  • 1 зелена пиперка
  • 1-2 млади кромитчиња
  • 1 помала китка брокула
  • 1 лажица маслиново масло
  • малку хималајска сол и зачини по желба
  • 50 g моцарела во вода
  • по желба 1 поголем свеж домат или зелена салата

Начин на подготовка:

Најпрвин потребно е киноата да ја сварите или пак да ја оставите преку ноќ во вода да изрти. Вообичаено време за варење е околу 10-15 минути. Зеленчукот насечкајте го на ситни парченца и ставете го во тавче што не лепи со 1 лажица маслиново масло сосема малку да се запржи. На крај во пропржениот и малку омекнат зеленчук додадете ја киноата. Посолете со малку хималајска сол и зачини по желба и тргнете од оган. На крај изрендајте ја моцарелата или пак насечкајте ја на ситни парченца и ставете ја одозгора.

Комбинирајте го овој оброк со свеж домат или пак со зелена салата по ваш избор.

Добар апетит!

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *