Подгответе ги за појадок или ужинка и земете ги со вас на работа! Слободно додадете уште некоја намрница/житарка која ви е омилена. Исто така, ако не сте љубители на путерот од кикиритки, заменете го со кокосово масло или пак со некое друго по ваша желба.
Овие гранола топчиња не се печат и се навистина брзи за подготовка. Нема да ви одземат повеќе од 15 минути, а ќе имате здрав појадок или вкусен десерт за цела недела.
Потребни состојки:
- 1 чаша овесни снегулки
- 3-4 лажици кокосови трошки
- 3 лажици путер од кикиритки
- 2 лажици мелено ленено семе
- 3 лажици мед
- малку ванила за вкус (по желба)
- 100 g темно црно чоколадо.
Начин на подготовка:
Сите состојки ставете ги во еден подлабок сад и убаво измешајте ги. Чоколадото ставете го да се стопи на пареа и додадете го на крај. Кога ќе добиете хомогена смеса, оставете ја во фрижидер 10-тина минути, потоа извадете и формирајте топчиња. Топчињата можете да ги валкате во кокос, во мелени лешници или бадеми или во овесни снегулки. Изберете сами според вашиот омилен вкус.
Вака подготвените здрави гранола топчиња можат да стојат во фрижидер и до 1 недела.
Добар апетит!
Повеќе идеи за здрави рецепти, пронајдете тука.








