Одличен предлог за вкусна вечера со малку јаглехидрати. Оваа вечера е одличен предлог доколку сакате да намалите килограми. Супер предлог е и за оброк после тренинг.
Потребни состојки:
- 2 или 3 белки
- 1-2 млади кромитчиња
- ½ тиквичка
- 1 китка спанаќ
- 1 краставица
- 1 лажица маслиново масло
- сол, бибер и зачини по желба.
Начин на подготовка:
Белките најпрвин изматете ги со вилушка. Зеленчукот ситно насечкајте го. Во тавче кое не лепи ставете го маслиновото масло, додадете го насечканото младо кромитче и ситно сечканите тиквички. Пржете околу 4-5 минути дури убаво не омекнат. Потоа додадете го свежиот спанаќ и промешајте. Спанаќот многу брзо ќе го намали својот волумен и ќе омекне. На крај додадете ги белките и убаво измешајте. Зачинете со малку сол и со некој ваш омилен зачин.
Овој омлет од белки и зелен зеленчук можете да го комбинирате со свежа салата од краставица.
Добар апетит!
Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.