Здрави чоколадни триаголници кои не се печат

Споделете со пријателите

Не се печат, готови се за помалку од 15 минути и се мнооооогу вкусни.

Еве го рецептот 🙂

Потребни состојки:

  • 50 g несолени и непечени бадеми
  • 50 g лешници
  • 50 g овесни снегулки
  • 50 g семки од тиква
  • 50 g кокосово брашно
  • 2 супени лажици лен
  • 100 g киснати во вода урми (околу 30 минути)
  • 100 g црна чоколада со минимум 70% какао
  • малку рум (по желба)
  • 1 супена лажица кокосово масло или путер

Начин на подготовка:

  1. Најпрвин ставете ги во блендер или сецко бадемите, лешниците, овесните снегулки, семките од тиква, кокосовото брашно и ленот и убаво мешајте неколку минути. Потребно е бадемите, лешниците и семките да се искршат а другите состојки убаво да се измешаат.
  2. Потоа во бледер ставете ги урмите, но оставете малку од водата. Блендирајте 2-3 минути дури не добиете течна смеса.
  3. Чоколадото истопете го на пареа заедно со кокосовото масло или со путерот и во него доколу сакате додадете 1 мала лажичка рум.
  4. На крај сите три делови измешајте ги заедно, мешајте неколку минути со лажица дури не добиете убава и хомогена структура.
  5. Во триаголен калап за слатки на најлонска фолија истурете ја смесата и оставете ја да се стегне во фрижидер околу 30-тина минути.

На здравје!

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *