Здравата и урамнотежена исхрана има многу позитивни ефекти врз здравјето и изгледот на кожата. Правилното комбинирање на намирниците и внесувањето на доволно свежа храна може многу да помогне во одржување на младиот изглед на кожата.
Храна богата со антиоксиданси кои имаат улога да се борат против слободните радикали има најголем ефект во одржување на убав и свеж изглед на кожата. Јаки антиоксиданси се првенствено витамините А, Ц и Е, но и одредени елементи како цинк, селен, магнезиум и железо.
Цинкот е од особена важност за добро функционирање на имунолошкиот систем. Ја зголемува активноста на белите крвни клетки и ја помага борбата со вирусните и бактериските инфекции. Се наоѓа во говедско, јагнешко, свинско месо, во жолчки од јајца, какао, ореви, бадеми, интегрални жита и во мешунките како грав, грашок, боранија и сл.
Магнезиумот го регулира срцевиот ритам, го намалува нивото на холестерол во крвта, ја регулира работата на цревата. Магнезиумовиот јон ја регулира работата на повеќе од 300 ензимски системи во нашето тело. Исто така магнезиумот го јакне имунолошкиот систем, му дава подршка на нервниот систем и ги чува коските. Магнезумот највеќе го има во: интегрални жита, суво овошје, мешунки, спанаќ, чија семе, киноа и сл.
Железото е од особена важност за синтеза на хемоглобин и транспорт на кислородот низ целото тело. Железото не се создава во организмот и потребно е да се внесува со исхраната. Апсорпцијата на железото од цревата се зголемува во присуство на витамин Ц и затоа се препорачува продуктите богати со железо да се комбинираат со продукти богати со витамин Ц. Јадете повеќе црвено месо, но и зелени салати, цвекло, спанаќ, семе од коприва, какао, јајца и житарки.
Селенот е значаен за јакнење на имунитетот и е неопходен за правилно функционирање на штитната жлезда. Тој е есенцијален минерал што се наоѓа во многу мали количества во човековиот организам. Во комбинација со витаминот Е ги елиминира слободните радикали кои можат да ги оштетат клеточните мембрани и ДНК, а со тоа се придонесува за забавено стареење на организмот и превенција од развој на кардиоваскуларни заболувања и канцер. Селенот се наоѓа во: бразилски ореви (макс 3-4 на ден), морски плодови и риба, семе од сончоглед, чија, тиква, сите видови месо и во бананите.
Супер храна со најмногу антиоксиданси за здрав и помлад изглед на кожата:
Зелен чај
Eдни од најјаките антиоксиданти се полифенолите во зелечиот чај. Уште од стара Кина чајот се смета за волшебна билка која го чува здравјето и го продолжува животот. Ако подолго се пие, зелениот чај ја спречува можноста од појава на малигни заболувања. Најновите истражувања велат дека зелениот и црниот чај можат да помогнат и во намалување на холестеролот.
Брокула
Брокулата со својот богат состав на антиоксиданси, минерали и витамини заслужува да се најде на оваа листа. Брокулата содржи витамин А, Ц и К како и витамини од групата Б, исто така содржи и растителни влакна и омега-3 масни киселини.
Спирулина
Слатководна алга која освен многубројните витамини и минерали содржи и 18 аминокиселини. Се препорачува како додаток во исхрана кај вегетаријанци, спортисти и луѓе со хипогликемија (високо ниво на шеќер во крвта). Спирулината содржи 25 пати повеќе антиоксиданти од морковот, 4 пати повеќе витамин Б12 од говедскиот црн дроб, 3 пати повеќе витамин Е од пченкарните зрна и 3 пати повеќе протеини од рибата.











