Киноата е најпозната суперхрана во светот. Во исхраната се користи како житарица иако спаѓа во групата на псевдо житарици. Киноата се користела во Јужна Америка уште пред многу години, а својот статус супер храна го добила пред неколку години.
Факти за киноата
- Киноата има висока содржина на флавоноиди, вклучувајќи кверцетин и кампферол. Овие флавоноиди имаат антинфламаторни, антивирусни, антиканцерогени и антидепресивни својства.
- Во 100 g киноа се наоѓаат околу 15 g диететски влакна, што е половина од прeпорачаната дневна доза за нормално функционирање на дигестивниот тракт и полесно празнење на цревата.
- Киноата не содржи глутен и затоа е идеална намирница за оние кои се просетливи на него.
- Киноата е одличен извор на протеини. Во 100 g киноа има 4,5 g протеини и за разлика од другите житарици киноата ги содржи сите есенцијални амино киселини.
- Киноата е богата со калиум, цинк, железо, но најмногу со магнезиум.
- Постојат студии за киноата со кои се потврдува дека киноата може да го намали нивото на глукоза, инсулин и триглицериди во крвта.
- Киноата е многу богата со антиоксиданси.
- Високата содржина на диететски влакна, протеините и нискиот гликемиски индекс се добра комбинација во борба против вишокот килограми.
Исто така мора да знаете дека киноата содржи оксалати кои ја намалуваат апсорпцијата на калциумот, а тоа може да ги потенцира проблемите со бубрежните камчиња кај луѓето кои веќе ги имаат.
Каде да ја најдете киноата?
Киноата може да ја најдете во сите подобро снабдени маркети и продавници за здрава храна. Постои бела, црна и црвена киноа, а можете да најдете и мешана која ги содржи трите видови. Главната разлика помеѓу различните видови е времето на готвење. Вообичаено белата киноа се подготвува најбрзо, околу 10-15 минути. За црната и црвената ќе ви бидат потребни уште дополнителни 5-10 минути.
Како да ја подготвите?
Киноата се подготвува многу едноставно и брзо. Во сад на оган ставете две чашки вода и почекајте да зоврие, потоа додајте една чаша киноа. Оставете да се вари на тивок оган околу 10 -15 минути. Кога ќе ја упие целата вода, тогаш е готова.
Можете да ја зачините со сол, маслиново масло и црн бибер и да ја користите како додаток за повеќе јадења и салати. Киноата може да се конзумира и во блага варијанта ако и додадете мед.
Рецепт Киноа со јаболко и цимет (прочитајте овде).
Можеби ќе ве интересира:
Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.