Интегрална пита со праз и маслинки

Споделете со пријателите

Изненадете ги најблиските со оваа вкусна и здрава пита која се подготвува многу брзо и многу лесно. Навистина не е потребно да имате кулинарски способности за да ја подготовите оваа пита.

Можете да ја чувате во фрижидер и неколку денови и да ви биде одличен и здрав појадок или пак вечера заедно со парче немасно сирење или чаша јогурт.

Потребни состојки:

  • 2 јајца
  • ½ лажичка сол
  • 75 ml јогурт
  • 75 ml кисела вода
  • 50 ml маслиново масло
  • ½ прашок за пециво
  • 130 g интегрално пченично брашно
  • 1 страк праз
  • 10-тина маслинки
  • 1 лажица сончоглед
  • 1 лажица ленено семе.

Начин на подготовка:

Првин со миксер или во блендер изматете ги јајцата заедно со солта. Потоа додадете го јогуртот, маслиновото масло и киселата вода. Убаво измешајте, па течната смеса соединете ја со брашното во кое претходно сте го ставиле прашокот за пециво. Со шпатула или голема лажица соединете ги двете смеси.

Во тавче на оган насечкајте го празот на ситно и со многу малку маслиново масло пропржете го. Потребно е малку да омекне. Тргнете го од оган и заедно со маслинките на кои претходно сте им ги извадиле семките и сте ги насечкале на ситни парченца додадете ги на смесата.

За крај соединете се заедно и истурете ја содржината во плех обложен со мрсна хартија. Посолете одозгора со сончоглед и ленено семе и оставете да се пече околу 20-25 минути на температура од 180-200°С.

Изладената пита насечкајте ја на коцки и сервирајте ја со прачиња сирење или чаша јогурт.

Добар апетит!

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *