Интегрални солени стапчиња со путер и зачини

Споделете со пријателите

Овие интегрални солени стапчиња се идеални за целото семејство. Ги подготвувате за време на викендот, а остануваат крцкави и свежи цела недела.

По рецепт од мајка ми, еве ги потребните состојки:

  • 600 g интегрално брашно (изберете го по желба, може и пченично, но и ‘ржано или јачменово)
  • 2 лажици путер (стопен на пареа)
  • ½ коцка квасец
  • ½ лажичка кафеав шеќер
  • млака вода (количина на водата ја определувате сами, потребно е да додадете онолку колку да може да се меси тестото)
  • сол и зачини по желба (буковец, куркума, сушен целер и лук во прав).

Начин на подготовка:

Најпрвин брашното истурете го во еден подлабок сад и во него додадете малку сол и зачини. Убаво измешајте. Во друг сад растопете го квасецот со многу малку млака вода и малку шеќер. Кога убаво ќе се растопи и ќе се соедини, истурете го квасецот во брашното, додадете го растопениот путер и полека додавајте од млаката вода. Почнете да го месите тестото. Се меси како обично тесто за кифли. Кога ќе го измесите оставете го да постои 15-20 минути.

Поделете го тестото на неколку делови и секој дел развлечете го со сукало во тенка кора со дебелина од 3-4 милиметри. Кората насечете ја на долгнавести ленти и потоа секоја лента виткајте ја во вид на спирала. Одозгора доколку сакате можете да наросите и сусам или ленено семе.

Ставете ги интегрални стапчиња во загреана рерна на 200°С да се печат околу 15-20 минути.

Добар апетит!

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *