Квалитетни протеини, ладна вода, зелен чај, интензивни вежби – се само некои од природните начини да се забрза метаболизмот и да се одржи здрава телесна тежина. Повеќе прочитајте во продолжение.
Вклучете во оброкот квалитетни протеини
Одредени намирници можат да го интензивираат метаболизмот на неколку часа. Тоа се нарекува термоген ефект на храната. Намирниците кои имаат термоген ефект предизвикуваат дополнителна потрошувачка на калории за преработка и метаболизам. Протеините спаѓаат во групата термогени храни затоа што можат да ја зголемат потрошувачката на калории за 15-30%, за јаглехидрати тој процент е 5-10%, а за мастите 0-3%. Консумација на квалитетни протеини помага да се чувствувате сити и да внесувате помалку калории. Една студија покажала дека луѓето во чија исхраната 30% од дневниот внес на калории потекнува од протеини, консумираат околу 441 калории помалку споредено со оние кои внесувале помалку протеини на дневно ниво.
Пијте ладна вода
Луѓето кои пијат повеќе вода наместо сокови и засладени пијалоци имаат убава и свежа кожа и можат многу полесно да ја задржат посакуваната телесна тежина.
Причините за тоа се очигледни. Напитоците кои содржат дополнителни шеќери содржат и дополнителни калории кои нема да ги внесете ако овие наптиоци ги замените со вода. Исто така одредени истражувања покажуваат дека пиењето на два литри вода дневно го зголемува метаболизмот во мирување за 10-30%.

Вежбајте интензивни вежби
Тренинг кој се состои од кратки, но интензивни интервали на вежби може да помогне да согорите многу повеќе масти и да го забрзате метаболизмот. Овој ефект на забрзан метаболизам ќе трае дури до 12 часа после тренингот и телото ќе троши повеќе калории. Тоа е и главната причина зошто чувствуваме голем глад следниот ден после напорен тренинг.
Сепак доколку сакате да ослабете на природен начин, имајте на ум дека трчањето може многу да ви помогне. Но, за трчањето да има ефект морате да трчате повеќе од 20 минути дневно (најдобро би било околу половина час) затоа што согорувањето на масти започнува дури после 20 минути од почетокот на трчањето. Интензитетот на трошење калории се интензивира и следните неколку часа во мирување.
Вежбајте со тегови
Мускулното ткиво троши многу повеќе калории отколку масното ткиво, така што изградбата на мускули дефинитивно може да ви помогне во забрзување на метаболизмот. Вежбите за сила и изградба на мускулна маса ќе ви помогнат да изградите квалитетно мускулно ткиво кое согорува многу калории дури и во мирување.

Внимавајте колку минути од денот поминувате во седење
Премногу седење не делува лошо само на вашата линија, туку лошо делува и на целокупното здравје. Долгото седење влијае на намалување на потрошувачката на калории и може да доведе до појава на гојазност. Затоа не бидете мрзеливи и секој можен момент кога можете да се движите, движете се!
Не го користете лифтот, пешачете, работете низ домот и сл. Во текот на работното време ако морате постојано да седите правете кратки паузи од 5 минути секој час.
Пијте зелен чај
Докажано е дека зелениот чај го забрзува метаболизмот за 4-5%. Дополнително зелениот чај помага за полесна мобилизација на масните киселини од масното ткиво што го зголемува согорувањето на масти за 10-17%.

Јадете лута храна
Посебно се препорачуваат лутите чили пиперчиња кои содржат капсацин. Капсацинот ја зголемува потрошувачката на калории за 10% и го забрзува метаболизмот. Чили зачинот го стимулира варењето на храната и го помага слабеењето. Овој зачин го поттикнува согорувањето на калориите, но влијае и на рамнотежата на инсулинот и шеќерот во крвта.
Спијте доволно
Можеби ќе ви звучи чудно, но сепак недостатокот на сон се поврзува со голем ризик од гојазност. Недостаток на сон се поврзува со зголемено ниво на шеќер во крвта и зголемена резистенција на инсулин, што го зголемува ризикот од појава на дијабетес тип II. Исто така недостатокот на сон предизивикува пореметување во рамнотежата на хормоните кои го регулираат гладот и ситоста.
Пијте кафе
Истражувањата покажуваат дека кофеинот од кафето може да го забрза метаболизмот дури за 3-11%. Консумирајте го кафето умерено, по 1-2 шолји на ден. Не претерувајте затоа што кофеинот создава зависност.

Користете го кокосовото масло во секојдневната исхрана
За разлика од сите други масла, кокосовото масло содржи незаситени масни киселини со средно долги низи кои можат да го забрзаат метаболизмот дури за 12%. Придобивките од секојдневното консумирање по една мала лажичка кокосово масло се огромни. Ова масло ја зголемува одбранбената способност на организмот, го зголемува нивото на HDL холестеролот, има неверојатна моќ врз функционирањето на тироидната жлезда, а исто така помага во подобро функционирање на целокупниот кардиоваскуларен систем. Кокосовото масло многу лесно се апсорбира и содржи помалку калории од другите билни масла. Посебно е ценето поради тоа што дава чувство на ситост и го забрзува метаболизмот.
Повеќе совети за слабеење пронајдете тука.








