Како да ослабите 2 kg месечно без диета

Споделете со пријателите

Диетите сами по себе знаат да бидат навистина исцрпувачки и само да ни предизвикаат фрустрација. Најдобро е да пристапите кон слабеењето систематски, со воведување на здрави навики кои со текот на времето ќе ви станат животен стил. Во прилог ви претставуваме неколку навики кои доколку ги практикувате секојдевно ќе ви овозможат здраво и континуирано слабеење од минимум 2 kg месечно.

Утрински навики

1) Лимон со маслиново масло

Непосредно по будењето исцедете еден лимон и измешајте 2 супени лажици од сокот со 1 супена лажица ладно цедено маслиново масло. Лимонот со маслиново масло го чисти црниот дроб и бубрезите, го подобрува варењето на храната и ве снабдува со здрави масти на почетокот од денот. На остатокот од лимонот додајте му околку половина литар вода и пијте го со утринското кафе.

2) Нискокалорично кафе

Кафето не го засладувајте со шеќер или барем заменете го со лажичка мед или стевиа. Доколку кафето го пиете со млеко изберете здрава варијанта на бадемово, кокосово или оризово млеко.
Претходните две навики, ќе ве одржат сити 2-3 часа по будењето. Обидете се да го поместите појадокот малку покасно во денот.

3) Здрав појадок

Заменете го ѓеврекот или бурекот со свежо овошје (банана, јаболко, портокал, кива и сл) или смути од свежо овошје и зеленчук.

Попладневни навики

1) Салата со секој ручек

Зелена и богата салата практикувајте да јадете со секој оброк, зачинете ја со маслинов зејтин, хималајска сол и сок од лимон или јаболков оцет (избегнувајте рафинирани масла и алкохолен оцет). Јадете ја салатата прва, таа ќе ви помогне да се заситите побргу и да изедете помалку.

2) Избегнувајте ги трите бели убијци

Внимавајте на внесот на белиот шеќер, белото брашно и белата сол. Оваа навика ќе придонесе најмногу кон вашето здравје и губењето на вишокот килограми. Шеќерот и брашното воопшто не му се потребни на организмот, но се среќаваат во голем број производи и рецепти. Затоа дадете се од себе да ги сведете на минимум. Белата сол секако заменете ја со хималајска сол, таа е неопходна за организмот, но тоа неопходно количество е многу мало, една мала лажичка на ден е доволна за возрасен човек.

3) Не мешајте јаглехидрати со протеини

Изберете да јадете парче месо со салата или компир со салата, но никако и двете заедно.

4) Без грицкање помеѓу оброци

Не внесувајте дополнителни калории помеѓу ручекот и вечерата. Дозволете му на телото во целост да ја свари и искористи внесената храна. Ако почувствувате глад запрашајте се дали навистина сте гладни. Многу често дополнителните калории кои ги внесуваме во денот се внесени од досада. Во таков случај посегнете по чаша вода или незасладен сок од лимон.

Вечерни навики

1) Вечерајте три часа пред легнување

Вака ќе му дозволите на телото да ја преработи целата храна пред да заспиете. Со ова и вашиот стомак ќе одмори додека вие спиете што ќе придонесе до подобар сон.

2) Чај против апетитот пред спиење

Доколку осетите чувство на глад пред легнување, испиете чај од нане или маточина, ќе ви го намалат апетитот и ќе ви го подобрат сонот.

3) Избегнувајте јаглехидрати навечер

Доколку ваша главна цел е губењето на килограми, избегнувајте ги јаглехидратите за вечера. Наместо тоа направете си супа од сезонски зеленчук.

best-weight-loss-diet

Сите горенаведени навики пред се ќе ви го подобрат здравјето, а паралелно со тоа килограмите ќе се изгубат. Не заборавајте здравите навики во исхраната да ги комбинирате со физичка активност, барем три пати неделно.

Изберете вид на тренинг во зависност од вашите желби и можности. Еве ги нашите предлози:

И запомнете дека слабеењето е 2/3 исхрана и 1/3 вежбање.

Среќно !!!

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *