Home Здравје Како да слабеете без диета?

Како да слабеете без диета?

31
0

Храната, нејзината калориска густина и нутиритвност имаат секако најголем удел во килограмите и слабеењето, но и пристапот кон промената е исто толку важен.

  • Многу е важно да уживате во храната и оброците кои ги јадете. Бирајте храна која ви е вкусна. Затоа што ако оброците не ви се вкусни, таквиот начин на исхрана не е одржлив. Вие ќе мислите и ќе го чекате моментот кога диетата ќе заврши.
  • Промената на навиките е начин на себепочитување, направете промени на подобро затоа што го сакате своето тело, а не затоа што го мразите.
  • Фокус во процесот на промените нека биде вашето здравје и убавата енергија која доаѓа кога јадеме вистинска храна и сме активни.
  • Не се оптеретувајте со вагата и килограмите, фокусирајте се на процесот.
  • Не чувствувајте грижа на совест ако изедете парче торта.
  • Инстаграм е супер место за идеи и мотивација, но не се трудете да копирате нечии животен стил затоа што не секогаш истите работи одговараат на секој од нас.
  • Трудете се во текот на денот да потрошите повеќе калории од движење и активност. Ако седите 8 часа на работа, не продолжувајте да лежите дома после работа затоа што сте уморни, така само му носите на телото плус проблеми.
  • Секако важен е и изборот на храна и количината, но сите знаеме која храна е калориски густа и полна со празни калории.
  • Не заборавајте да додадете протеин и зеленчук во секој оброк.
  • И за крај не грицкајте измеѓу oброци, тоа прави голем ’glucose spike’ во крвта и стимулира лачење на инсулин постојано што може да го попречи слабеењето, да ви ја намали енергијата и да направи да чувствувате постојано гладни.

Споделете ги овие правила со некој кој е опседнат со диета и слабеење, можеби ќе му помогнат да си го смени погледот кон нештата и да почне на вистинскиот начин.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here