Кога е најдобро да вежбам во текот на денот?
Нема физиолошки придобивки или недостатоци при изборот на време за вежбање. Главната придобивка е ментална. НАЈДОБРОТО ВРЕМЕ за вежбање е она кое одговара на вас согласно вашите обврски, работа и активности. Нека биде време во кое е најмалку веројатно дека ќе правите изговори.
Колку пати неделно да вежбам за да имам резултати?
Ако во моментот имате 0 активност, и само 1 тренинг во неделата може да направи разлика. Поставување на нереални достигнувања и вежбање на пример секој ден, може да направи само контраефект. Запомнете дека секогаш можете да додадете плус тогаш кога ќе се чувствувате подготвено. Во секој случај на самиот почеток 2-3 пати неделно активност ќе биде доволно.
Колку време ќе ми треба да видам резултати?
Ова е многу различно за секој човек, но генерално 3 до 4 месеци конзистентност се доволни да забележите видилива разлика, која и другите ќе можат да ја забележат. Сепак, освен физички, поставете си и емоционални и ментални цели кои ќе бидат со вас во процесот на менување на навиките, и ќе ви помогнат полесно да чекорите кон целта на целосно подобра верзија од себе.
Кои тренинзи ќе ми дадат најубав ефект?
Има многу различни начини и стилови на вежбање, но најголем ефект ќе имате од тренинзите во кои вие ќе уживате најмногу, и кои ќе можете лесно да ги вклопите во дневен распоред. Ако сте мајка која работи и има многу малку слободно време за себе, можеби вежбањето дома кратки, функционални тренинзи ќе биде најдобро. Важно е да бидете активни, не заборавјте дека 1 е повеќе од 0.
Дали да јадам пред вежбање?
Потрудете се последниот оброк пред вежбање да биде барем 2-3 часа пред тренингот. Не е убаво да вежбате со полн стомак. Ако вежбате наутро нема да имате проблем со тоа, но доколку вежбате попладне, потрудете се да не вежбате најадени.
Можеби ќе ве интересира: Што да јадете после тренинг?









