Home Рецепти Здрави десерти Колач со овесни снегулки, ореви и јаболка

Колач со овесни снегулки, ореви и јаболка

437
0

Десертот не мора да биде пречка за успешноста на диетата. Во продолжение е опишано како да подготвите здрав колач со ореви, јаболка и овесни снегулки без грам брашно. 🙂

Потребни состојки:

  • 4 чашки овесни снегулки
  • 1 чаша кокосово брашно
  • 1 чаша ситно сецкани или мелени ореви
  • 2 јаболки (излупени и изрендани)
  • 1/2 чаша кафеав шеќер
  • 150 ml маслиново масло
  • 3 супени лажици мед
  • 1 лажичка мелен цимет
  • малку рендано морско оревче (по желба).

Начин на подготовка:

Во еден голем сад измешајте ги овесните снегулки, кокосовото брашно и оревите. Овесните снегулки можете да ги ставите во блендер и да направите овесно брашно, но доколку не сакате не мора.

Во друг огноотпорен сад измешајте ги кафеавиот шеќер, ренданите јаболки, маслиновото масло, медот, циметот и морското оревче. Ставете ја оваа смеса на оган да зоврие. Потоа тргнете ја од оган и додадете ги овесните снегулки, кокосовото брашно и оревите.

Измешајте убаво, смесата ставете ја во огноотпорен сад и печете 15-20 минути во загреана рерна на 180°С.

Калориска вредност по порција:

Околу 300 калории, 15 g масти, 45 g јаглехидрати, 9 g протеини и 6 g диететски влакна.

Пробајте го рецептот, нема да зажалите! 🙂

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here