Home Фитнес Колку време треба да вежбате за да имате видливи резултати?

Колку време треба да вежбате за да имате видливи резултати?

4
0

После колку недели вежбање можете да очекувате јасно видливи и дефинирани мускули на вашето тело ??? Хм…има ли некој кој започнал со вежбање и не си го поставил тоа прашање?

Видливите резултати од вежбањето пред се зависат од тоа дали доволно вежбате и колку често вежбате. Исто така еден од главните фактори е и паузата меѓу тренинзите. Ако вежбате денес, па следните 3-4 дена имате изговори и не вежбате…немојте да очекувате резултати во брзо време.

Дефиницијата на мускулите зависи од фрекфенцијата и од интензитетот на вежбањето. Доколку активно вежбате и тоа 4-5 пати неделно, за период од 4-8 недели можете да очекувате видлили резултати. Исто така не заборавајте дека вежбањето оди заедно и со здравата и избалансирана исхрана.

Ќе ве интересира: Претворете го вашето тело во машина за согорување масти!

Тренинг со висок интензитет

Ако сакате на вашето тело да видите што е можно побрзо видливи резултати и дефинирани мускули пробајте со тренинг со висок интензитет 3-4 пати неделно. Овој тип на вежбање се сосотои од комбинирање на неколку кратки вежби кои се изведуваат со максимална сила во комбинација со помалку напорни вежби како скокање, истегнување или јога вежби.

Овие вежби се наменети вообичаено за луѓе кои немаат многу време за вежбање, но сепак сакаат да се грижат за сопственото здравје и да се одржат во фит форма. Вообичаено ваквите тренинзи траат по половина час. Пополарни програми од ваков тип се CrossFIt, P90X, Focus T25, Tabata и др. Овие тренинзи се ефикасни во согорувањето на масти и помагаат мускулите да станат видливи за пократко време. Во продолжение видео со вежби со висок интензитет кои траат околу 25 минути.

Одморот е подеднакво важен како и вежбањето

Освен напорно вежбање за вистински резултати подеднакво е важен и одморот помеѓу тренинзите. Претераното вежбање доведува до повреди и исцрпеност на организмот. Особено важен е и оброкот кој го козумирате после вежбање бидејќи после напорен тренинг е потребно регенерација на мускулите.

Ќе ве инетесира:

Што се случува со телото кога не јадете после вежбање?

5 идеи за оброк после вежбање

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here