Листа на најдобри намирници за контрола на дијабетесот

Споделете со пријателите

Дијабетесот е болест која се карактеризира со збир на пореметувања кои се карактеризираат со различен степен на хипосекреција и/или неосетливост кон инсулин. Како резултат на тоа се јавува хипергликемија (покачени нивоа на глукоза во крвта).

Дијабаетесот се дели на два типа: дијабетес тип I (недостаток на инсулин), дијабетес тип II (неосетливост на клетките на инсулин). 80% од заболените од дијабетес имаат дијабетес тип II. Причините за појава на ова нарушување можат да бидат најразлични. Но, една од најзначајните причини за појава на дијабетес тип II е лошата исхраната, дебелината и неактивниот начин на живот. Постојат повеќе студии со кои е потврдено дека промени во животниот стил можат многу да помогнат во контрола на хипергликемијата кај ова нарушување.

Дијабетесот може да предизвика дополнителни здравстевени компликации како што се: кардиоваскуларни заболувања, невро-дегенеративни заболувања, инфекции, нарушување на бубрежната фукција и слично. Многу е важно дијабетесот да биде навремено откриен и соодветно третиран.

Исхраната и правилниот избор на намирници играат многу значајна улога кога е во прашање дијабетесот. Храната со низок гликемиски индекс треба да заврзема примарно место. Во прилог на тоа ви пренесуваме листа на намирници кои се најдобри за контрола на дијабетесот:

Избегнувајте да јадете храна која содржи прости шеќери кои предизвикуваат нагло покачување на нивото на глукоза во крвта како што се слатките, чоколадите и различните пецива. Внимавајте на внесот на овошје, затоа што овошјето содржи многу шеќер. Во прилг на тоа на линкот проверете колку шеќер содржи вашето омилено овошје.
Конзумирајте повеќе свеж зеленчук и храна богата со протеини.
Бидете физички активни, ако не сте љубители на вежбањето пешачете секојденевно по 30 минути.
Правилно избалансирана исхрана и физичка активност се клучот до добро здравје!!!
Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *