30 дневен смути предизвик – Ден 3

Споделете со пријателите

30 дневен смути предизвик.

Приклучете ни се! Секој ден ве инспирираме со интересна рецепта за подготвување смути.


Ден 3

Смути со аронија

Дали знаете кои се придобивките од секојдевно конзумирање аронија? Плодовите на црната аронија се исклучително здрави и богати со многу витамини и тоа: витамин Ц, витамин Б2, Б6 и Б9, витамин А и Е и многу реткиот витамин П. Од минералите содржи: калциум, железо , калиум, молибден , фосфор и јод. Плодот на аронијата содржи и голема концентрација на антиоксиданси (танини, флавоноиди, антоцијанини, катехини). Аронијата исто така содржи и редок овошен шеќер, сорбитол. Таа е корисна за превенција од малигни заболувања, за прочистување на организмот, за подобрување на циркулацијата, за намалување на крвниот притисок и намалување на шеќерот во крвта. Исто така аронијата ја подобрува функцијата на ендокрините жлезди и го регулира излачувањето на хормоните. Особено е добра за штитната жлезда, бидејќи ја подобрува нејзината функција и го регулира излачувањето на тироидните хормони. Аронијата е добра и за органите за варење на храната. Ги намалува грчевите и болките во желудникот, го намалува воспалението на слузницата на желудникот, со што помага при лекување на чирот на желудникот и гастритисот. Аронијата ја подобрува и работата на црниот дроб и излачувањето на жолчката.

Имајќи ги во предвид лековитите својства на аронијата во продолжение ви нудиме начин како да ја вклучите во вашето секојдевно мени. Подгответе си смути со аронија.

3

Што ви е потребно?

за првиот дел:

  • 1/2 банана
  • 100 ml јогурт
  • 1 мала лажичка ленено семе
  • малку цимет

за вториот дел:

  • 10-15 замрзнати зрна аронија
  • 100 ml јогурт
  • 1 мала лажичка мед

Како да го подготвите?

Ставете ги состојките во блендер и убаво измешајте. На крај ставете во чашата првин малку од светлиот дел, па потоа од темниот. Декорирајте ја чашата со парче портокал, а одозгора со уште неколку зрна аронија и малку кокос во прав.

За крај уживајте 🙂

by Елена Ѓорѓиевска

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *