Предлог за здрав ручек: Полнети домати со јајце и блитва

Споделете со пријателите

Едноставен и здрав ручек набрзина. Изненадете ги најблиските со овој едноставен, но деликатесен рецепт.

Потребни состојки (за две порции):

  • 2 поголеми домати
  • 2 јајца
  • 2 млади кромитчиња
  • 2-3 листа блитва
  • малку хималајска сол и црн бибер.

Начин на подготовка:

Исечете ги врвовите на доматите и испразнете им ја внатрешноста. Блитвата и кромидот ситно насечкајте ги и измешајте ги заедно со јајцата на ист начин како да правите кајгана. На крај полека полнете ги доматите и посолете со малку хималајска сол и црн бибер. Ставете ги да се печат на 180-200°С околу 10-15 минути.

Како гарнир со овие вкусни поленти домати можете да си направите печени компири со зачини и маслиново масло.

Потребни состојки:

  • 3-4 компири
  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 мала лажичка лута буковка
  • 1 мала лажичка блага буковка
  • малку хималајска сол и црн бибер.

Начин на подготовка:

Компирите излупете ги и насечкајте ги на тркалца. Ставете ги во плех и попрскајте ги со маслиновото масло и со буковката. Доколку не сакате луто ставете само блага буковка. На крај посолете со малку хималајска сол и црн бибер. Печете на температура од 180-200°С околу 1 час, иако тоа зависи  од тоа колку сакате компирите да бидат крцкави. Ако сакате покрцкави насечете ги на потенки парченца и печете подолго.

Како декорација можете да исечкате морков и да наросите малку оригано и сусам.

Добар апетит!

Рецептот и сликата ни ги испрати Александра Ангеловска.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *