Home Рецепти Здрави десерти Полнети јаболка со мед, рум и јаткасти плодови

Полнети јаболка со мед, рум и јаткасти плодови

8
0
Pam Lloyd PR Pink Lady Apple Recipes (17th April 2013)

Јаболката се асоцијација за есен и зима. Одлична намирница полна со витамини и минерали која задолжително треба да биде пристуна во секојдневното мени. Секако дека е најдобро да се јадат свежи, но за оние моменти во кои кризирате за десерт ви нудиме интересен предлог – Полнети јаболки со мед, рум и јаткасти плодови.

Потребни состојки:

  • 4 поголеми јаболка
  • 50 ml рум
  • 2 лажици мед
  • 100 g кршени јаткасти плодови по желба (лешници, бадеми или ореви)
  • 50 g суво грозје или сува брусница
  • 1/2 лажичка цимет
  • малку каранфилче (по желба)
  • малку мускатно оревче (по желба)

Начин на подготовка:

Првин загрејте ја рерната на 180°С. Јаболката пресечете ги на врвот по целата должина како да им сечете “капа”, која подоцна ќе треба да ја поклопите. Потоа со помош на нож и лажица извадете го средишниот дел на јаболката кај што се наоѓаат семките. Внимавајте јаболката да останата цели.

Во друг сад измешајте го румот, медот, сувото грозје или брусница, јаткастите плодови кои ги избравте, циметот, каранфилчето и мускатното оревче и оставете го сето тоа да стои 15 минути. Потоа секоја јаболка наполнете ја со мешавината, па на крај поклопете со “капчето”. Ако ви остане од содржината истурете ја во тавчето во кое ќе ги печете јаболката.

Ставете ги на крај да се печат околу 20-тина минути, додека  не омекнат. Сервирајте ги топли.

Можеби ќе ве интересира: Здрав колач со јаболка, ореви и гриз.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here