Здрав колач со јаболка, ореви и гриз

Споделете со пријателите

Сочен и неодолив! Интересен начин да ги искористе вишокот јаболка дома. Подготете го овој брз колач и уживајте во убава арома на печени јаболка и цимет.

Потребни состојки:

  • 1 јајце
  • 2-3 лажици мед
  • 1 чаша гриз
  • 100 g сецкани ореви
  • 200 ml бадемово/ кокосово млеко
  • 2-3 рендани јаболка
  • 100 ml маслиново масло
  • 2 лажици интегрално брашно
  • 1 прашок за пециво

Начин на подготовка:

  1. Рерната загрејте ја на 200°С.
  2. Јајцето убаво измешајте го со медот, можете да употребите и миксер.
  3. Измешајте ги сите други состојки заедно и додадете ги јајцето и медот, мешајте повторно дури смесата убаво не се соедини.
  4. Во калап за печење ставете хартија за печење и истурете ја смесата.
  5. Печете околу 30 минути однесно додека не видите дека колачот лесно се дели од калапот.
  6. На крај доколку сте љубители на аромата на циметот посолете одозгора.

Доколку не ги сакате оревите би можеле да ги замените со бадеми или лешници. Насечете го колачот на парчиња и складирајте го во соодветен сад во фрижидер.

На здравје!!!

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *