Рогач – природна замена за шеќер

Споделете со пријателите

Следниот пат кога планирате да подготвите некој десерт, пробајте шеќерот да го замените со рогач. Рогач е тип на дрво, чијшто плод го носи истото име. Ова растение го има на поширокиот појас на Медитаранот, во Израел и Кипар. Станува збор за зимзелено дрво од фамилијата на мешунки. Од рогачот може да се користат и мешунките и семките. Рогачот се употребува како засладувач и како замена на какаото.

1234

Зошто да го вклучите рогачот во исхраната?

  • Богат е со витамин А, Б1, Б2, Б3, Б6, Б9, Ц и Е. Поради богатиот состав на витамини помага за правилен метаболизам, раст и развој на ткивата, а исто така му помага на телото подобро да ја користи енергијата од намирниците кои ги внесуваме.
  • Од минерали содржи железо, бакар, манган, селен, цинк, фосфор, магнезиум, калциум, натриум и калиум. Помага во одржување на добар електролитен баланс во телото, го подобрува варењето и помага за намалување на стресот и депресијата.
  • Семето од рогач е богато со нерастворливи билни влакна кои позитивно влијаат на варењето на храната и подобро функционирање на цревата.
  • Содржи триптофан – есенцијална амино киселина и затоа се препорачува да се користи во период на раст и развој кај децата, а исто така и кај вегетарјанска исхрана.
  • Содржи висока концентрација на танини кои се моќни антиоксиданси, а со тоа помага во спречување на прерано стареење. Делува и противоспалително и антибактериски, ги регенерира клетките и влијае на намалување на триглицеридите и LDL холестеролот, а зголемување на HDL холестеролот.
  • Фино мелениот рогач (прав) е иделна замена за какао прав и за разлика од какаото има благ  и чоколаден вкус.

Споредено со чоколадото рогачот е три пати побогат со калциум. Може да се користи како засладувач во облик на прав или како замена за брашно. Рогачот е идеална намирница која не содржи глутен и затоа се препорачува и кај луѓе кои се алергични на глутен.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *