Свинско со зеленчук

Споделете со пријателите

Еве ви убава идеја за саботен ручек. Свинско месо во коминација со зеленчук.

Потребни состојки: 
  • 1 главица кромид
  •  2-3 моркови со средна големина
  • 300 g свежи печурки
  • 4 средно големи свински кременадли
  • комбинација од бело вино и вода во однос 1:1 ( околу 200 ml)
  • 100 g брокула
  • 3-4 компири
  • 2-3 листови блитва
  •  свежа салата по желба (наш избор беа шери домати и краставица)
  • малсо, сенф и зачини (по желба)
  • сок од половина лимон

Подготовка на месото:
Kромидот заедно со морковите исецкајте ги ситно и запржете ги (оставете малку од нив, за потоа да ги додадеме во гарнирот од зеленчук), додадете го месото (3-4 средно големи свински кременадли) и печурките. Пржете неколку минути додека месото да зарумени, а печурките да пуштат течност. Прелијте со белото вино и водата. Се додава течност доволна да може месото убаво да се динста. Доколку сакате месото да има поубав вкус пред да го ставите во тавчето, оставете го 1-2 часа да отстои премачкано со сенф и зачини (бибер, сол, магдонос, оригано и куркума). Гответе го минимум 1 час на тивко додека течноста не испари. На крај зачинете го по желба.

Подготовка на зеленчукот:
Блитвата и брокулата ставете ги во вода која врие и варете ги само 5 минути, а компирот варете го стандардно. Кога се ќе биде готово исечкајте и додајте ги претходно исечканите моркови и кромид кои останаа од месото, додајте малку масло, сол, зачини (по желба) и сок од половина лимон. Свежата салата исечкајте ја и зачинете ја, па гарниирајте заедно со варениот зеленчук.

Епа…Добар апетит!

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *