Одличен начин да го разбудите дигестивниот систем и да го започнете денот со свеж појадок. Можете да го подготвите и да го земете со вас на работа. За подготовка потребни ви се само 5 минути.
Потребни состојки:
- 2- 3 листови блитва
- ½ чаша свеж ананас (1 круг)
- 5-6 јагоди (може и замрзнати)
- 7-8 непечени бадеми
- 1 лажичка мелено ленено семе
- околу 200 ml вода.
Начин на подготовка:
Ставете ги сите состојки во блендер и убаво измешајте. Додадете две-три коцки лед за поголема свежина и уживајте во утрото!
Можеби ќе ве интересира: 30 дневен смути предизвик.








