Home Исхрана Сос од авокадо со зеленчук

Сос од авокадо со зеленчук

6
0

Авокадото е карактеристично овошје со кремаст вкус. Калоричноста на авокадото потекнува од мастите и затоа неговата хранлива вредност се изедначува со онаа на јаткастите плодови и семињата. Авокадото е богато со мононезаситени масти, растителни влакна, витамини (А, Е и К) и многу минерали (железо, бакар, магнезиум и манган). Во авокадото исто така се наоѓа и голема концентрација на танини кои се познати по своите антивоспалителни, антиоксидантни и антиулкусни својства. Во мала концентрација се наоѓаат и флавоноиди кои спаѓаат во групата на полифенолни антиоксиданси кои штитат од слободните радикали. Свежото авокадо е и многу добар извор на калиум важен за регулација на работата на срцето и одржување на нормални вредности  на крвениот притисок.

Во продолжение ви нудиме начин како да го искористите авокадото во секојдевната исхрана. Ви пренесуваме рецепт, сос од авокадо во комбинација со зеленчук.

13162418_1009933915787771_1990146020_n

Што ви е потребно?

за сосот:

  • 1/2 авокадо
  • 1 супена лажица сок од лимон
  • 2 супени лажици варен грашок
  • малку сол и црн бибер
  • кориандер или магдонос (изберете по желба)
  • малку лук
  • доколку авокадото не е зрело, малку маслиново масло (1 мала лажичка)

зеленчук:

  • 1/2 краставица
  • 1 црвена пиперка
  • 1 морков
  • 1 средна главица карфиол
  • малку варена боранија
  • 1 тиквица

Како да го подготвите?

За да го подготвите сосот сите состојки ставате ги во блендер и убаво измешајте ги. Боранијата, карфиолот и морковот варете ги околу 15-20 минути дури да омекнат. Можете да искористите и замрзната или конзервирана боранија за која ви треба помалку време за подготовка. Тиквичката насечкајте ја на тркалца, додајте и малку маслиново масло и ставете ја во рерна да се пече на 200ºС околу 15-20 минути, потоа зачинете ја со сол, црн бибер, малку лук и магдонос. Краставицата и пиперката остануваат свежи. На крај гарнирајте го зеленчукот како на сликата погоре, ставете му малку сол и маслиново масло и уживајте во здравиот ручек.

Добар апетит 🙂

Рецепт од Елена Ѓорѓиевска

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here