Како физичката активност влијае на менталното здравје?

Споделете со пријателите

Познато е дека редовната физичка активност има големо влијае на физичкото здравје, а во последните неколку години истражувањата покажуваат дека редовното вежбање исто така има влијае и врз менталното здравје. Речиси секој започнува да биде физички активен, најнапред поради придобивките за телото, но редовното вежбање има позитивни ефекти и врз умот.

Pilates-two-870x419

Едноставно, нашиот ум влијае врз нашето тело и обратно. За да функционираат правилно умот и телото треба да се во хармонија. Телото речиси секогаш прво ги чувствува придобивките од физичката активност, што е навистина одлично. Но, како тоа влијае врз умот?

Безброј истражувања покажуваат дека постои неверојатна врска  меѓу физичката активност и емотивната, интелектуалната и социјалната благосостојба на поединецот.

Како влијае вежбањето врз умот?

  • Редовниот аеробик го зголемува нивото на допамин и серотоин во мозокот, хормони кои се поврзани со чувството на задоволство.
  • Аеробичните вежби го зголемуваат и лачењето на ендорфин, хормон задолжен за подобрување на расположението и енергијата.
  • Вежбањето овозможува умот да се ослободи од секојдневните стресови и мисли кои предизвикуваат негативни емоции.
  • Истражувањата покажуваат дека вежбањето може да ги ублажи симптомите на предменструален синдром и депресијата кај жените.
  • Вежбањето го подобрува квалитетот на сонот, во текот на кој мозокот се регенерира и се зголемува и нивото на енергија.
  • Докажано е дека тренингот ја намалува напнатоста и во телото и во умот.
  • Истражувањата покажуваат дека вежбањето ги намалува симптомите на анксиозност и панични напади.
  • Го подобрува конгитивното функционирање во средната и постарата доба од животот.
  • Вежбањето влијае брз подобро расудување, размислување, учење и креативност.
  • Го зголемува нивото на самодоверба и ентузијазам за животот.
  • Истражувањата покажуваат дека одлично влијае и врз сексуалниот живот.
  • Вежбањето ја зголемува социјалната активност и го намалува чувството на осаменост и изолација.
  • Сѐ на сѐ физичката активност е еден од најдобрите начини да се чувствувате среќни и задоволни.

Што да правите кога не ви се вежба?

Имате рутина и редовно вежбате, но има денови кога не ви се вежба, се чувствувате уморно или премногу сте зафатени или загрижени за нешто. Ако продолжите по својата рутина и во тие моменти, сигурно ќе се чувствувате подобро. Зошто?

И кога сте уморни, вежбањето има тенденција да ве наполни со нова енергија. Ако пак сте загрижени за нешто, тоа може да ви помогне да го разбистрите умот. Дури и ако не можете да вежбате, 20-30 минутна прошетка може само да ви помогне да се опуштите. Во друштво или сами, придружени со музика, прошетката ќе има само благопријатно дејство.

Ane

Вљубена во пилатес,аеробик,возење ролери и редовно качување на Водно. Зависник од кофеин и домашни здрави десети.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *