Home Рецепти Здрави десерти Здрав чоколаден сутлијаш со мед и цимет

Здрав чоколаден сутлијаш со мед и цимет

4
0

Вкус и арома кои ве враќаат во детството. Дали има некој кој како дете не го почувствувал вкусот на топол сутлијаш насипен со цимет одозгора?

Со нашата здрава рецепта за чоколаден сутлијаш ве враќаме назад во времето, но сепак во една поздрава варијанта без шеќер и без стандардно кравјо млеко.

Одлична идеја за здрав десерт за целото семејство.

Потребни состојки за 4 лица:

  • 1 чаша бел ориз
  • 3 чаши бадемово млеко, но може и вода
  • 2 супени лажици мед
  • 1 супена лажица какао
  • ½ мала лажичка цимет.

Начин на подготовка:

Водата или бадемовото млеко ставете ги на оган во тенџере кое не лепи, веднаш додадете го оризот и мешајте. Во почетокот дури зоврие водата или бадемовото млеко потребно е постојано да се меша за да не се залепи. Кога ќе зоврие водата намалете го на тивко и оставете го да се вари 10-15 минути, повремено промешувајте. Кога течноста ќе се впие во целост додадете го медот, какаото и циметот и гответе уште 3-5 минути. Послужете го чоколадниот сутлијашот топол во мали стаклени чаши за пудинг.

На здравје!!!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here