Овој десерт е полн со антиоксиданси и многу хранливи состојки. Чоколадото е комбинација од кокосово масло и какао во прав, што значи дека е вистинска ризиница на хранливи нутритиенти.
Овие чоколадирани овошки се навистина вкусни и можат да бидат одличен десерт за вашите најмали.
Ние од овошје користевме суви сливи, сиви кајсии и малини. Наместо ова можете да користите било какво овошје. Одлично би било со половинки банана кои ќе ги потопите во чоколадото.
Потребни состојки:
- 2 лажици кокосово масло
- 1 лажица какао во прав
- малку цимет, каранфилче и морско оревче
- 10-тина суви кајсии
- 10-тина суви сливи
- 2 лажици малини (може и замрзнати, а можете да ги замените и со било кое друго овошје по ваша желба).
Начин на подготовка:
Прво во тенџере на оган ставете го кокосовото масло да се истопи, потоа во него додадете го какаото и интензивно мешајте. Тргнете од оган и додадете малку цимет, каранфилче и морско оревче.
Сувите кајсии потопете ги до половина во чоколадото и ставете ги на чинија. Истото направете го и со сливите.
Во домашното чоколадо што ќе ви остане додадете ги малините, и истурете го чоколадото во некој правоаголен сад, па убаво израмнете со шпатула. Ако имате некои интересни калапи за колачи, можете да ги искористите и во нив да го истурите преостанатото чоколадо со малини.
Ставете го чоколадното овошје во фрижидер да се стегне околу половина час.
Уживајте во здравиот десерт! 🙂
Рецептот и сликата ни ги испрати Елена Ѓорѓиевска.
Повеќе идеи за здрави десерти пронајдете тука.








