Вкусен и здрав десерт: Чоколадирано овошје

Споделете со пријателите

Овој десерт е полн со антиоксиданси и многу хранливи состојки. Чоколадото е комбинација од кокосово масло и какао во прав што значи дека е вистинска ризиница на хранливи нутрититенти.

Овие чоколадирани овошки се навистина вкусни и можат да бидат одличен десерт за вашите најмали.

Ние од овошје користевме суви сливи, сиви кајсии и малини. Наместо ова можете да користите било какво овошје. Одлично би било со половинки банана кои ќе ги потопите во чоколадото.

Потребни состојки:

  • 2 лажици кокосово масло
  • 1 лажица какао во прав
  • малку цимет, каранфилче и морско оревче
  • 10-тина суви кајсии
  • 10-тина суви сливи
  • 2 лажици малини (може и замрзнати, а можете да ги замените и со било кое друго овошје по ваша желба).

Начин на подготовка:

Првин во тенџере на оган ставете го кокосовото масло да се истопи, потоа во него додадете го какаото и интензивно мешајте. Тргнете од оган и додадете малку цимет, каранфилче и морско оревче.

Сувите кајсии потопете ги до половина во чоколадото и ставете ги на чинија. Истото направете го и со сливите.

Во домашното чоколадо што ќе ви остане додадете ги малините и истурете го чоколадото во некој правоаголен сад и убаво израмнете со шпатула. Ако имате некои интересни калапи за колачи, можете да ги искористите и нив и во нив да го истурите преостанатото чоколадо со малини.

Ставете го чоколадното овошје во фрижидер да се стегне околу половина час.

Уживајте во здравиот десерт!

Повеќе идеи за здрави десерти пронајдете тука.

Рецептот и сликата ни ги испрати Елена Ѓорѓиевска.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *