30 дневен смути предизвик.
Приклучете ни се! Секој ден ве инспирираме со интересна рецепта за подготвување смути.
Ден 12
Смути со ананас и мака
За денес се одлучивме за смути со ананас, банана и мака. За ананасот веќе неколку пати спомнавме дека е одличен за подобрување на варењето затоа што содржи ензими. Коренот од мака има неверојатни ефекти врз целокупното здравје (прочитајте повеќе).
Што ви е потребно?
- 1/2 банана
- 1/2 свеж ананас
- 1 мала лажичка корен од мака (прав)
- 200 ml вода
- цимет (по желба)
- по желба можете да додадете и мед, но нема да ви биде потребно затоа што и бананата и ананасот содржат доволно шеќер.
Како да подготвите?
Ставете ги сите состојки во блендер и убаво измешајте.
За крај уживајте 🙂








