Корен од мака за подобар хормонски баланс

Споделете со пријателите

Маката е растение кое расте на високите предели во Перу, Јужна Америка. Веќе илјадници години коренот од ова растение се користи за подобрување на здравјето, но истовремено и за подобрување на расположението. Кај нас коренот од мака е достапен во прашкаста форма. Можете да го најдете во сите подобро снабдени продавници за здрава храна и како таков да го користите како додаток на вашиот појадок, смути и сл.

spoon-of-maca-powder-and-loose-powder

Зошто да ја вклучите маката во вашата исхрана?

Главна придобивка од користењето на овој корен е подобрување на плодноста кај мажите и кај жените, односно подобрување на фукнционирањето на целокупниот ендокрин (хормонски) систем. Маката се смета за “адаптоген”. Адаптогени се оние растение кои му помагаат на телото да се адаптира кон разни надоврешни негативни влијанија предизикани од самите нас или од природата.

Редовната употреба на овој корен ќе направи да се чувствувате поенергични, расположени и спремни за секаков предизвик. Маката исто така е полна со најразни нутриенти и тоа:

  • 8 есенцијални амино киселини
  • витамини: Б1, Б2, Ц, Е
  • калциум
  • магнезиум
  • калиум
  • бакар
  • цинк
  • фосфор
  • селен
  • сулфур
  • натриум
  •  железо

Не постои дефинирана дневна доза на мака, но се препорачува да започнете со една мала лажичка, а потоа продолжете со 2-3 мали лажички дневно. Бидејќи го зголемува нивото на енергија, маката е одличен избор за конзумација пред вежбање, посебно во смути. Коренот има благ вкус кој потсеќа на вкусот на лешник.

Главни придобивки од конзумирањето корен од мака

  • го намалува ПМС синдромот, помага во контрола на менопаузалните промени кај жените, а исто така помага и кај жени кои страдаат од полицистични јајници (бидејки го регулира нивото на естроген во телото)
  • го подобрува расположението и ја намалува депресијата
  • ја регулира работата на надбубрежната и тироидната жлезда
  • ја зголемува плодноста кај мажите со тоа што ја зголемува мобилноста и бројот на сперматозоидите
  • маката ја зголемува енергијата, меморијата и расположението со тоа што го регулира нивото на шеќерот во крвта
  • содржи многу антиоксиданси – маката го зголемува нивото на ензимите глутатион пероксидаза и супероксид дизмутаза кои се главните ензими одговорни во борбата со слободните радикали кои предизивукаат многу болести
  • маката спречува развиток на хронични болести предизвикани од високо ниво на холестерол во крвта.

Иако маката се користи веќе илјадници години, поради нејзините ефекти врз хормоснкиот систем не се препорачува за луѓе кои се на хормонска терапија. Исто така не постојат доволно докази за тоа дали маката смее да се употребува кај трудници.

Дарко Колев

Долгогодишен спортист , маратонец, зависник од теретана и активен животен стил.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *