30 дневен смути предизвик – Ден 11

Споделете со пријателите

30 дневен смути предизвик.

Приклучете ни се! Секој ден ве инспирираме со интересна рецепта за подготвување смути.


Ден 11

Летно смути со праска

Праска со просечна големина содржи само 50 калории. Ова овошје е идеално во ситуации кога сакате да изедете нешто благо, без последици кон килограмите. Од витамински аспект, праската како и сите летни овошки е богата со витамин Ц, калиум, бета каротен и фолна киселина. Праските се особено препорачиви да се конзумираат за време на бременост. Фолната киселина помага за правилен развиток на мозокот на бебето, додека витаминот Ц помага за правилен развиток на неговите коски, мускули и крвни садови. (извор)

Што ви е потребно?

  • 1 праска
  • 1 банана
  • 10-тина бобинки брусница (претходно киснати половина час во вода)
  • 1 лажица мелено ленено семе
  • 200 ml вода

Како да подготвите?

Ставете ги сите состојки во блендер и убаво измешајте.

За крај уживајте 🙂

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *