30 дневен смути предизвик.
Приклучете ни се! Секој ден ве инспирираме со интересна рецепта за подготвување смути.
Ден 27
Смути со аронија, портокал и цвекло
За денес смути полно со антиоксиданси, железо и витамин Ц. Со вклучување на бобинки во вашето смути обезбедувате доволно антиоксиданси. Сокот од портокал дава прекрасен освежувачки вкус и многу витамин Ц. Цвеклото е добро позната суперхрана, една од најбогатите со железо. Дополнително помага во намалување на крвниот притисок со тоа што природно ги релаксира крвните садови и го подобрува протокот на крв. Имајте на ум дека листовите од цвеклото се нутритивно побогати од самиот корен, па доколку купите цвекло со листови искористете ги и нив. Тие помагаат во борба против остеопорозата преку зајакнување на коските. Исто така, го зајакнуваат имунитетот со тоа што стимулираат продукција на антитела и бели крвни клетки.
Што ви е потребно?
- сок од 1 портокал
- 10-тина боровинки или аронија
- 1 цвекло со средна големина (ако имате листови искористете ги и нив)
- 200 ml кокосово млеко или вода
- 1 мала лажичка мед
- неколку коцки лед (по желба)
Како да подготвите?
Ставете се во блендер и добро измешајте. Коцките лед додајте ги на крај.
На здравје 🙂








