Home Рецепти Здрави десерти Чоколадни коцки со бадеми

Чоколадни коцки со бадеми

165
0

Овие чоколадни коцки се одлични кога сакате да направите нешто слатко за многу кратко време. Се подготвуваат од само 4 состојки, за помалку од 10 минути. 🙂

Потребен ви е гумен калап за чоколадни коцки кој можете да го најдете во некој поголем маркет или на пазарче. Доколку немате калап, може да користите мали хартиени корпички за слатки, нив ќе ги најдете секаде.

Еве како изгледа калапот:

Потребни состојки (ќе добиете околу 25 коцки во зависност од големината на калапот):

  • 100 g црно чоколадо со 75% какао
  • 100 g мелени бадеми (можете да ги замените со лешници)
  • 3 wellness интегрални бисквити
  • 2 супени лажици кокосово масло (може да се замени со путер).

Начин на подготовка:

Најпрво стопете го чоколадото на пареа заедно со кокосовото масло. Бадемите и бисквитите ставете ги во сецко/блендер и убаво иситнете ги. Потоа измешајте сè заедно и наполнете ги калапите. На крај ставете ги чоколадните коцки во замрзнувач околу 10-ина минути да се стегнат.

Уживајте во убавиот чоколаден вкус! На здравје! 🙂

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here