Home Рецепти Здрави десерти Вкусни и здрави чоколадни колачиња кои не се печат

Вкусни и здрави чоколадни колачиња кои не се печат

7
0

За тоа колку се здрави овесните снегулки пишувавме многу пати. Најголемиот број здрави рецепти кои ги споделуваме со вас како основна намирница ги содржат токму нив. И денес нашите здрави чоколадни колачиња за кои не е потребно печење се со овесни снегулки. Се подготвуваат многу брзо и едноставно така што за многу кратко време би можеле да имате вкусен и здрав десерт.

Потребни состојки:

  • ½ чаша путер (тоа е околу 4 лажици)
  • ½ чаша млеко (можете да користите и бадемово или кокосово млеко)
  • 1 чаша кафеав шеќер
  • 3 лажици мед
  • 2 лажици какао
  • ½ чаша путер од кикиритки (околу 4 лажици)
  • 3 чаши овесни снегулки
  • за вкус: малку ванила во прав (по желба).

Начин на подготовка:

Измешајте ги во сад путерот, млекото, кафеавиот шеќер, медот и какаото и ставете ги на оган да се соединат. Постојано мешајте околу 1 минута дури не добиете еднолична смеса.

Потоа на оваа смеса додадете го путерот од кикиритки, овесните снегулки и ванилата. Соединете ги убаво овие два дела.

Со лажица формирајте кругови во форма на колаче и ставете ги на хартија за печење. Можете и целата смеса да ја истурите и да направите убав голем правоаголник, па да ја насечете на коцки или правоаголници. Оставаме вие да одберете каков облик ќе бидат вашите колачиња 🙂

Оставете ги овесните колачиња во фрижидер да се стегнат околу 1 час.

Послужете ги со чаша млеко или со кафе.

Добар апетит!

Повеќе рецепти за здрави десерти пронајдете тука.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here