Home Рецепти Здрави десерти Брзи бомбици со суви смокви и овесни снегулки  

Брзи бомбици со суви смокви и овесни снегулки  

7
0

Ова е дефинитивно еден од наједноставните здрави десерти кои ги споделувам со вас. За помалку од 10 минути ќе имате вкусни бомбици кои можете да ги јадете за појадок или ужина. Од количината на намирници кои ги користев (наведени подолу) јас добив 15 топчиња.

Сувите смокви се извонредно хранливи намирници. Богати се со многу витамини и минерали кои поволно влијаат врз целокупното здравје. Тоа што се одличен извор на растителни влакна ги прави моќни намирнци против констипација и проблеми со празнењето на цревата.

Енергетската вредност на 100 g сушени смокви изнесува 249 калории. Од тоа 64% отпаѓаат на јаглехидрати, 3,3% на протеини и 0,9% на масти.

Од минерали, сувата смоква содржи: калиум (680 mg), калциум (162 mg), магнезиум (68 mg), фосфор (67 mg), манган (0,5 mg), железо (2 mg), селен (0,6 mg), бакар (0,3 mg) и цинк (0,5 mg).

Од витамини, сувата смоква содржи малку витамин Ц, витамини од групата Б, витамин Е и К.

Во 100 g сув плод има 9,8 g влакна и 32 mg лутеин-зеаксантин (моќен антиоксиданс).

Потребни состојки:

  • 200 g суви смокви (киснати во вода минимум 2 часа)
  • 50 g бадеми
  • 4 лажици овесни снегулки
  • 2 лажици кокосово масло (може да се замени со путер)
  • кокосово брашно (по желба).

Начин на подготовка:

Сувите смокви најпрвин насечете ги на четвртинки и ставете ги да киснат во вода околу 2 часа. Потоа исфрлете ја водата и заедно со другуте состојки ставете ги во блнедер/сецко и убаво соединете ја смесата.

На крај формирајте топчиња. По желба можете да ги валкате во кокосово брашно. Топчињата ставете ги во корпчики за бомбици и чувајте ги во фрижидер.

Јадете ги како здрава ужинка или вкусен појадок кој ќе ви даде енергија и виталност.

На здравје!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here