Home Рецепти Здрави десерти Вкусен и здрав десерт: Чоколадирано овошје

Вкусен и здрав десерт: Чоколадирано овошје

113
0

Овој десерт е полн со антиоксиданси и многу хранливи состојки. Чоколадото е комбинација од кокосово масло и какао во прав, што значи дека е вистинска ризиница на хранливи нутритиенти.

Овие чоколадирани овошки се навистина вкусни и можат да бидат одличен десерт за вашите најмали.

Ние од овошје користевме суви сливи, сиви кајсии и малини. Наместо ова можете да користите било какво овошје. Одлично би било со половинки банана кои ќе ги потопите во чоколадото.

Потребни состојки:

  • 2 лажици кокосово масло
  • 1 лажица какао во прав
  • малку цимет, каранфилче и морско оревче
  • 10-тина суви кајсии
  • 10-тина суви сливи
  • 2 лажици малини (може и замрзнати, а можете да ги замените и со било кое друго овошје по ваша желба).

Начин на подготовка:

Прво во тенџере на оган ставете го кокосовото масло да се истопи, потоа во него додадете го какаото и интензивно мешајте. Тргнете од оган и додадете малку цимет, каранфилче и морско оревче.

Сувите кајсии потопете ги до половина во чоколадото и ставете ги на чинија. Истото направете го и со сливите.

Во домашното чоколадо што ќе ви остане додадете ги малините, и истурете го чоколадото во некој правоаголен сад, па убаво израмнете со шпатула. Ако имате некои интересни калапи за колачи, можете да ги искористите и во нив да го истурите преостанатото чоколадо со малини.

Ставете го чоколадното овошје во фрижидер да се стегне околу половина час.

Уживајте во здравиот десерт! 🙂

Рецептот и сликата ни ги испрати Елена Ѓорѓиевска.


Повеќе идеи за здрави десерти пронајдете тука.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here