Home Исхрана Вкусен здрав ручек: Полнети тиквички со мелено мисиркино месо

Вкусен здрав ручек: Полнети тиквички со мелено мисиркино месо

8
0

Мисиркиното месо е многу хранливо и е супериорно во однос на пилешкото. 200 g мисиркино месо содржат 240 калории, 42 g протеини и само 2,5 g масти.

Ако немате идеја како да го подготвите, ние имаме одличен предлог – Полнети тиквички со мелено мисиркино месо. Во продолжение рецептот.

Потребни состојки (за двајца):

  • 300 g мисиркино месо
  • 100 g моцарела
  • 1 поголема тиквичка
  • 2-3 млади кромитчиња
  • 3-4 лажици јогурт
  • 1 лажица маслиново масло
  • малку хималајска сол, црн бибер, куркума и лук во прав.

Начин на подготовка:

Најпрвин ставете го маслото да се загрее и во него додадете го ситно насечканите млади кромитчиња. Кога ќе омекнат додадете го месото и пропржете. Посолете со малку хималајска сол, црн бибер и куркума.

Тиквичката поделете ја на два дела по должина. Средината убаво извадете ја, но не ја фрлајте. Потребно е да направите убава вдлабнатина. Во вдлабнатината ставете го меленото месо и врз него ставете тенко насечкани парчиња моцарела.

Ставете ги тиквичките да се печат на 200⁰С околу 20-тина минути.

Дури тиквичките се печат, ставете го во блендер остатокот од тиквичката, оној што го извадивте од средината заедно со јогуртот, малку хималајска сол, црн бибер и лукче во прав. Соединете убаво и потоа ставете го кратко да се пропржи во тавчето во кое го правевте месото.

Кога ќе се испечат тиквичките прелијте ги одозгора со сосот и сервирајте заедно со свежа зелена салата, рукола и ротквица. По желба можете да наросите и малку интегрален сусам или лен.

Добар апетит!

Рецептот и сликата ни ги испрати Елена Ѓорѓиевска.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here