Home Рецепти Здрави десерти Колач со пченкарно брашно и двоен фил од вишни и соино млеко

Колач со пченкарно брашно и двоен фил од вишни и соино млеко

7
0

Можеби навидум овој колач ви изгледа сложено, но навистина не е така. Иако содржи два фила се подготвува многу лесно и брзо. Доколку немате некои од состојките слободното заменете ги со други. Ако немате вишни ставете друго овошје, а ако не сакате соино млеко ставете обично или пак бадемово.

Потребни состојки за кора:

  • 8 лажици пченкарно брашно
  • 1 прашок за пециво
  • 4 лажички мед или стевиа
  • 4 белки.

Начин на подготовка:

Најпрвин убаво измешајте ги пченкарното брашно и прашокот за пециво. Стевиата или медот изматете ги заедно со белките, дури белките не станат пенести. На крај соединете ги белките со пченкарното брашно. Истурете ја содржината во калап за печење обложен со хартија за печење и печете на температура од 180°С околу 15-20 минути. Кората е убаво испечена во оној момент кога ќе добие убава златна боја.

Потребни состојки за филот од вишни:

  • околу 100 g замрзнати вишни
  • 1 пакетче желатин
  • по желба малку мед или стевиа.

Начин на подготовка:

Вишните ставете ги на оган во тавче или мало тенџере да се размрзнат. Како што ќе се замрзнуваат ќе пуштат и малку водичка. Желатинот првин растворете го со 2 лажици вода и оставете го да набабри. Потоа додадете го во садот со вишните и мешајте интензивно додека се растопи (не треба да врие), потоа веднаш тргнете од оган и почекајте малку да се излади  па истурете го филот од вишни врз веќе испечената кора и малку оладена кора.

Потребни состојки за бел фил од соино млеко:

  • 1 чаша соино млеко
  • 2 жолчки
  • 3 лажики мед или стевиа
  • 1 кесичка желатин
  • малку ванила.

Начин на подготовка:

Желатинот и овде се подготвува на истиот начин како погоре, му додавате две лажички вода и чекате да набабри. Жолчките убаво изматете ги со медот или стевиата и соиното млеко. Доколку сакате можете да додадете и малку ванила за арома и вкус. Изматените жолчки и соино млеко ставете ги на оган да се загреат со постојано мешајте, кога малку ќе се затопли содржината додадете го желатинот и мешајте интензивно додека желатинот не се растопи. Потоа тргнете го белиот фил од оган и почекајте го малку да се излади.

На крај кога ќе се затегне филот од вишни, истурете го белиот фил врз затегнатиот црвен фил од вишни и оставете го колачот во фрижидер да се стегне убаво околу 3-4 часа.

Добар апетит!

За прекрасниот рецепт и слики и благодариме на Елена Ѓорѓиевска.

Повеќе идеи за здрави рецепти пронајдете тука.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here