Вкусен и здрав десерт за само 5 минути – имаме два предлози за здрави бомбици, едните се со урми другите со суви кајсии.
Бомбици со суви урми
Потребни состојки за бомбици со урми:
- 100 g киснати урми во вода
- 1 чаша овесни снегулки
- малку ванила за вкус.
Начин на подготовка:
Урмите доколку имаат семки, извадете ги и попопете ги во вода, па оставете ги да се киснат минимум 2 часа. Потоа фрлете ја водата и во блендер или сецко ставете ги заедно со овесните снегулки. Убаво соединете ја смесата и доколку сакате додадете малку ванила за подобар вкус. Ако смесата ви е ретка додадете уште малку овесни, а ако е многу густа можете да додадете малку вода или сок од портокал. Формирајте топчиња и валкајте ги во овесни снегулки.

Бомбици со суви кајсии
Потребни состојки за бомбици со суви кајсии:
- 100 g мелени лешници
- 100 g суви кајсии киснати во вода
- 1 лажица мед
- 1 лажица сусам.
Начин на подготовка:
Сувите кајсии исто како и урмите ставете ги да се киснат во вода минимум 2 часа. Потоа во блендер или сецко ставете ги заедно со лешниците и медот. Убаво соединете ја смесата и формирајте топчиња. Секое топче валкајте го во сусам.
Добар апетит!
Рецептот и сликата се на Елена Ѓорѓиевска.









