Сите сме свесни за придобивките од физичката активност и знаеме дека вежбањето може да направи само убави нешта за нашето ментално и физичко здравје.
Бројот на луѓе кои се редовно физички активни е се поголем и луѓето стануваат свесни дека физичката активност во голем степен го подобрува квалитетот на живот.
Доколку се уште се двоумите и никако не успевате вежбањето да го направите секојдневие, ви издвојуваме 20 кратки и убедливи причини зошто да започнете уште денес 🙂
- Ќе бидете посреќни.
- Ќе бидете поатрактивни за спротивниот пол 🙂
- Ќе бидете помотивирани и поуспешни на работното место.
- Нема да имате пад на енергијата во текот на денот.
- Поради вежбањето полесно ќе се придржувате кон здравата исхрана.
- Вежбањето 3 или 4 пати во неделата ќе ви помогне да го забрзате метаболизмот.
- Вежбањето ќе ви помогне доколку сакате да намалите килограми.
- Редовната физичка активност го намалува целулитот.
- Вежбањето го забавува процесот на стареење.
- Едвај ќе чекате да дојде лето и да го облечете омилениот костим за капење 🙂
- Нема да имате напади за храна во текот на денот, затоа што вежбањето помага за контрола на шеќерот во крвта.
- Вежбањето ќе ви помогне да го намалите холестеролот и тригицеридите во крвта.
- Ќе ви помогне и да го намалите крвниот притисок и да ги регулирате тахикардиите.
- Ќе ви го зајакне имунитетот.
- Ќе ви го подобри сексуалниот живот.
- Ќе ве направи поорганизирана личност.
- Ќе ви го подобри сонот.
- Вежбањето ќе ви ги намали болките во грбот.
- Вежбањето го чува менталното здравје.
- Редовната физичка активност го продолжува животот.
Доколку сето тоа ви звучи примамливо и сакате на своја кожа да ги почувствувате придобивките од вежбањето тогаш започнете со тренинзи што поскоро.
Ограничување во возраста нема, секој може да вежба!
Нашето студио за Пилатес и Аеробик – FitLife Fitness Studio е лоцирано на две локации во Скопје и тоа: Кисела Вода (Стара Рампа) и Козле.
Соединувајќи вежби за мобилност, сила, флексибилност и кондиција креираме часови наменети за секого.
Кај нас ќе го најдете тоа што ви е потребно и што е најважно мотивација која нема да дозволи лесно да се откажете!
Изберете ја групата која најмногу ви одговара и резервирајте си што поскоро место на телефон 071 273 982 или на 077 766 950.
Доколку сакате да ја почувствувате и видите атмосферата на нашите часови погледнете го видеото во продолжение.
facebook група: Аеробик и Пилатес – FitLife Fitness Studio
facebook страна: 161.35.76.149/
Ве очекуваме!








