Овој оброк е одличен за појадок затоа што содржи многу влакна и многу хранливи состојки кои ќе ве држат сити подолго време. Исто така овој пудинг ќе ви помогне да го регулирате варењето на храната и празнењето на цревата.
Просото, псилиумот и чиа семето се одличен извор на влакна кои на здрав начин ќе го разбудат вашиот дигестивен тракт и ќе ве наполнат со хранливи нутритиенти за цел ден.
Потребни состојки:
- 100 g просо
- 2 лажички какао (може да се замени со рогач)
- 1 лажичка каков путер
- 1 лажичка чиа семе
- ½ чаша соино млеко
- 2 лажички псилиум (киснат во вода)
- 2 лажички кокосов шеќер.
Начин на подготовка:
Прво сварете го просто дури убаво не омекне, потоа во друг сад измешајте ги сите останати состојки. На крај двете смеси соединете ги и декорирајте по желба!
Рецептот е на Елена Ѓорѓиевска.








