Во овие топли летни денови се што ви треба е здраво ледено освежување.
Подготвивме одличен, здрав и лесен рецепт за чоколаден-кранчи сладолед.
Намирниците кои ги користевме одговараат за подготовка на 4 порции сладолед.
Потребни состојки (за 4 порции):
- 1 авокадо
- 1 банана
- 2 лажички мед
- 2 лажици кокосово масло
- 1 лажица какао
- 2 лажици кршени лешници
- 100 ml вода.
Начин на подготовка:
Ставете се во блендер освен кршените лешници, кога се убаво ќе се хомогенизира ставете ги лешниците и измешајте.
Ставете го сладоледот во соодветен сад да се замрзне (му требаат околу 3-4 часа).
На здравје!








