Home Рецепти за бебе 10+ Чоко-банана пудинг од киноа

Чоко-банана пудинг од киноа

381
0

Одлична идеја за здрав оброк за вас или за вашите дечиња.

Потребни состојки:

  • 4 лажици варена киноа
  • 1 лажичка кокосово масло
  • 1 банана
  • 1 лажичка какао
  • 1 лажичка мед.

Начин на подготовка:

Киноата пред да ја варите покиснете ја во вода околу 3-4 часа, или може и преку ноќ. Потоа сварете ја во многу вода, и кога убаво ќе распукаат зрната, преку цедалка фрлете го вишокот вода.

Потоа во блендер ставете ги сите состојки заедно и измешајте убаво. Можете и без блендер, односно да измешате сè друго, а бананата да ја оставите на коцки и тркалца.

Ова е совршен појадок и за дечиња кои се 8+ месеци доколку го исклучите медот, инаку со мед е за 12+.

На здравје!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here