Овој појадок е одличен затоа што можете да го подготвите и спакувате навечер, и да си го земете со себе на работа. 😊
Комбинацијата од свежи зеленчуци и варена киноа е одлична за старт на денот, затоа што содржи спој на макронутритиенти кој ќе направи да се чувствувате сити и здрави.
Подолу се излистани состојки кои одговараат за подготовка на две порции.
Нутритивни вредности по порција:
435 калории, 58.4 g јаглехидрати, 19.2 g масти и 11 g протеини.
Можеби ќе ве интересира: Како и зошто треба да јадете киноа?
Потребни состојки (за две порции):
- 2 чаши варена киноа (или ‘ртена во вода)
- ½ авокадо
- листови свеж спанаќ
- домат
- ½ кромид
- 1 лажица маслиново масло
- малку хималајска сол и црн бибер.
Начин на подготовка:
Најпрво ситно насечкајте го зеленчукот, потоа во длабока чинија измешајте го заедно со киноата. На крај зачинете со маслиново масло, хималајска сол и црн бибер.
Доколку сакате по желба можете да додадете и 1 лажичка сенф.
Добар апетит!
Можеби ќе ве интересира: 5 идеи за здрав појадок во тегличка.








