Home Исхрана Предлог за одличен појадок од само 3 состојки: Чиа пудинг со прелив...

Предлог за одличен појадок од само 3 состојки: Чиа пудинг со прелив од малини

206
0

Имаме одличен предлог за подготовка на вкусен, нискокалоричен и одличен појадок.

Чиа пудинг со одличен прелив од малини. Едноставно, вкусно и здраво!

Интересни факти за чиа семето:

  • чиа семето содржи 8 х повеќе Омега-3 од лосос
  • 30% повеќе антиоксиданти од капина
  • 25% повеќе влакна од ленено семе
  • 5 х повеќе калциум од млеко.

Потребни состојки:

  • 100 ml млеко (бадемово, кокосово или соино)
  • 2 лажици чиа семе
  • замрзнати малини (околу 50 g)
  • ½ чаша вода.

Начин на подготовка:

Измешајте ги заедно млекото и чиа семето, и оставете да отстои 15 минути. Направете густо смути од замрзнати малини, ако сакате поретко може да додадете повеќе вода.

Декорирајте со кокосово брашно, гоџи бобинки и малку ленено семе.

Уживајте во овој нискокалоричен и здрав појадок. 🙂


Рецептот и сликите се на Елена Ѓорѓиевска.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here