Почетоците на степ аеробикот датираат уште од 1980 година и денес оваа фитнес дисциплина е можеби една од најпопуларните групни фитнес активности.
Енергичната музика на која се вежба предизвикува убаво чувство и ве тера да го дадете максимумот од себе, притоа трошејќи многу калории.
Зошто да изберете степ аеробик?
Карактеристики на степ аеробикот
Степ аеробикот претставува фитнес дисциплина за која е потребно степер. Движењата на степерот се најчесто кореографски и ритмички и се изведуваат на енергична музика, раздвижувајќи го целото тело, со најголем акцент на нозете и задникот.
Доколку за време на тренингот се користи и друга опрема како тегови или ластици за отпор се зголемува интензитетот и потрошувачката на калории и се активира и горниот дел од телото. Редовното вежбање аеробик може да ви помогне пред се за слабеење, тонирање но и за подобрување на целокупното здравје и тоа особено за превенција на кардиоваскуларни заболувања како висок крвен притисок и проблеми со срцето.
Губење на масно ткиво
Степ аеробикот согорува многу калории, особено доколку станува збор за интензивен и енергичен аеробик. За време од 30 минути можете да согорите од 250 до 450 калории во зависност од тежината, висината и секако интензитетот на самиот тренинг.
Доколку започнете да вежбате аеробик и истиот го комбинирате со избалансирана и здрава исхрана, резултатите за губење на масно ткиво ќе бидат видливи за брзо време. Губењето на масното ткиво покрај тоа што ќе ви даде самодоверба, ќе ви помогне за подобрување на целокупното здравје и превенција на многу современи заболувања.
Можеби ќе ве интересира: Што е метаболички синдром и како да препознаете дали го имате?
Здрави коски и цврсти и тонирани мускули
Степ аеробикот е дисциплина каде ја користите тежината од сопственото тело, слично како кај пилатесот. Но, вашето тело за време на тренингот има задача да се бори со гравитацијата. Покрај активацијата на нозете и задникот на кој е секако главниот акцент, за да го одржите балансот и да можете да ги правите движењата правилно, се активира и целиот абдоминален ѕид и се затегнуваат стомачните мускули и мускулите на ‘рбетот.
Можеби ќе ве интересира: Аеробик или Пилатес? Што е поефикасно за обликување на телото?
Други придобивки
Вежбањето со степер може да биде предизвикувачко доколку координацијата и балансот не ви се добра страна. Но, со континуирано вежбање ќе ја почувствувате разликата за неколку часа.
Степ аеробикот ќе ви го подобри менталното здравје, расположението и ќе ве направи да се чувствувате среќно и исполнето. Ви гарантираме дека после часот ќе си одите дома среќни и задоволни и едвај ќе го очекувате следниот тренинг.
Дополнително бидејќи станува збор за групна фитнес активност, овде е и социјалниот момент каде ќе бидете во контакт со луѓе кои имаат иста или слична цел како вашата, тоа може дополнително да ве мотивира и да не ви дозволи да се откажете лесно.
Доколку сето тоа ви звучи интересно задолжително посетете го нашето студио за Аеробик и Пилатес.
Кај нас можете да вежбате: Степ Аербик, Енерџи Аеробик или Микс Аеробик.
Имаме мотивација за секој кој сака да ги почувствува придобивките од редовната физичката активност.
Направете го вистинскиот избор за себе и за своето здравје и резервирајте си место на телефон: 071 273 982.
Повеќе за FitLife Fitness Stuidio, за целосниот распоред, термини и месечна членарина, прочитајте на линкот подолу:
Можеби ќе ве интересира:
Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.