Home Рецепти за бебе 6+ Прва зеленчукова каша со кромид (6+)

Прва зеленчукова каша со кромид (6+)

6
0

Зеленчуковите каши се скоро секогаш помалку прифатени од страна на бебињата, но кога ќе почнете да им додавате кромид ситуацијата може да се смени 😊

Кромидот поради тоа што има благуњав вкус и специфична арома и вкус ја прави кашичката повкусна, па бебињата многу често, многу повеќе ги сакаат кашите кога во нив има додадено кромид.

Оваа комбинација на намирници е одлична затоа што претставува баланс на житарка и одлична комбинација на зеленчуци богати со витамини и минерали.

Состојки:

  • 1 лажица мелен ориз (најобичен кочански ориз, го мелам во блендер и таков го користам) – го варам на тивко со 150 ml вода – готов е за помалку од 5-6 минутки
  • ½ морков или 1 помал
  • 2-3 тркалца тиквичка
  • ½ главица кромид (помала).

Подготовка:

Оризот како што е опишано горе се вари посебно на тивко. На пареа околу 10-15 минути се подготвуваат морковот, тиквичката и кромидот. Кога ќе омекнат ставете ги заедно со оризот во блендер.

Од оваа количина на намирници ќе добиете околу 100-110 g детска кашичка, што е сосема доволно за овој период.

На здравје бебенце!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here